Речиси 100-тина рекреативци од Струмица и Радовиш, предводени од членовите на аеробик и пилатес клубот Go Fit и аеробик клубот Сенсеи од Радовиш вчера вежбаа на отворено во градскиот парк во Струмица.
Случајните посетители беа сведоци на еден уникатен тренинг по аеробик, а дел од нив спонтано се приклучија на групата вежбачи. Инструкторот Елена Илков ја водеше групата во еден заеднички весел и позитивен ритам.
Овој настан беше во рамките на Струмица Опен Фест кој месец јуни е во знакот на спортот, а од синоќа започнаа аеробик тренинзите на отворено.
https://www.facebook.com/ribenrestorandklubradovis/videos/455771661859582/