ПРИЈАВА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ

МВР отвори бесплатна линија на која сите граѓани можат да се информираат за сите активности од ингеренции на Министерството, а кои се поврзани со постапувањето на МВР во врска со спречување на ширењето на коронавирусот.

Телефонскиот број е 0800 00201, работи 24 часа, седум дена во неделата. Бројот е на два јазика, на македонски и албански јазик.

Отворена е и мејл адресата на Министерството [email protected], за поставување прашања или пријавување случаи за непочитување на инструкциите и одлуките на Владата во врска со справувањето со коронавирусот.

 

 




 

Погледнете повеќе

Повеќе информации