Деновиве активно се работи на асфалтирање на траста во должина од 2.7 км. од локалниот пат Подареш-Смиљанци поточно од мостот на Смиљанска река до центарот на селото.
Градоначалникот Конзулов беше на терен и увид во градежните активности на локалниот пат Подареш-Смиљанци, градежните работи се очекуваат да завршат во наредните 7 дена.
Вкупната вредност на проектот изнесува 25.500.000 денари, – информираат од општина Радовиш