• Репортажа
  • Свет
  • Услови за користење

„БЕСТ ФУД“ СО СВОИ ПРОИЗВОДИ НА „WORLD FOOD MOSCOW 2019“

Врвната саемска манифестација се одржува во „Крокус експо центарот“ – најголемиот изложбен простор во овој дел од светот.

Во Московскиот „ Крокус експо центар“ годинава изложуваат 1.762 компании од 65 земји и  ќе го посетат 30.710 трговци од 80 руски региони и 98 други земји од светот. Се очекува вкупна посета од 80.000 луѓе.

Македонски компании со Национален штанд од вчера до 27 септември ќе се претставуваат на најзначајниот прехрамбен саем во југоисточна Европа „WORLD FOOD MOSCOW 2019“ во Руската Федерација.

На македонскиот Национален штанд своите производи ги изложува нашата компанија „Бест фуд“ од Радовиш-производители и извозник на конзервирани земјоделски производи, како и други компании од Струмица, Скопје, Ресен, Росоман, Градско, Прилеп, Кочани, Гевгелија.

Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-рускатата стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„WORLD FOOD MOSCOW“ вообичаено е одлична можност и да се промовираат нови производи на рускиот пазар и се очекува македонските компании да ја искористат оваа прилика.

На саемскиот простор се лоцирани 64 национални штандови, меѓу кои и од Македонија (8 од Америка, 9 од Африка, 23 од Европа и 24 од Азија). Во текот на траењето на саемот ќе се одржат 25 настани – трибини, промоции, бизнис-средби на кои ќе дебатираат преку 180 бизнисмени од целиот свет.

 

 






 

 




 

 





 



 

Related Articles

Временска прогноза