• Услови за користење

БИБЕР

Црниот пипер (или бибер; науч. Piper nigrum) е тропско ползаво растение од фамилијата Пипери (Pıperaceae), чиј зрнест плод се употребува како мирудија.

Пиперот спаѓа меѓу најстарите мирудии. Тоа е жбунесто растение со зрнести плодови. Најмногу успева во Индонезија, Бразил, Индија и Гвајана, а тие се и негови главни извозници. На пазарот се јавува како црн пипер, кој се добива со берење и сушење на недозреани бобинки, и бел пипер, кој е многу поквалитетен, а се добива од целосно зрели црвени бобинки.

Црниот бибер со својата арома, лутина, етеричните масла и Пиперинот стимулира работа на пробавниот систем.

Предизвикува стварање на пробавни ферменти со што ја подобрува пробавата. Позитивно влијание има на циркулацијата на крвотокот посебно кога тој е оптеретен со варењето на храната.

Црниот бибер секогаш го дополнува вкусот на јадењата, ги претвора, додаден во сосема мали количини, во вистински гурмански уживања.

Зошто црниот бибер е толку добар зачин?

Виновник е пиперинот кој е активна состојка на црниот бибер и благодарение на кој се зголемува нивото на апсорпција на селенот, витаминот Б, бета каротинот како и другите важни состојки од храната која се внесува, со што се забрзува енергетскиот метаболизам во телото.

Црниот бибер е лут благодарение повторно на пиперинот, а белиот несомелен бибер е полут за нијанса од црниот несомелен бибер.

Препорачливо е секогаш да се употребува несомелен бибер во зрно кој со помош на мелница наменета токму за бибер ќе се употребува при подготовката на храната и како свеж зачин ќе се внесува во организмот. 
Сомелениот бибер многу брзо го губи мирисот како и лековитите својства кои ги поседува и поради тоа треба да се избегнува колку што се можи.

 


 


 

 




 




Related Articles

Временска прогноза