Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш со особена чест и задоволство Ве покануваме на одбележувањето на Европскиот ден на мајчиниот јазик.
ПРОГРАМА:
На трибината мајчиниот јазик со свои стручни трудови ќе учествуваат: д-р Снежана Веновска – Антевска, Употребата на нормата на македонскиот јазик во секојдневната комуникација и во образовниот процес; проф. д-р Веселинка Лаброска, Учењето на мајчиниот македонски јазик и влијанието на електронските уреди; проф. Раско Лозаноски, тема: Училиштето – ковачница на мајчиниот македонски литературен јазик. Музички настап: Мартина Газепова
Во програмата со свое поетско претставување ќе учествуваат ученици од ООУ „Крсте Петков Мисирков и ООУ Никола Карев.
Настанот ќе биде збогатен и со изложба – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје. (Проектот се реализираше по повод Европската година на културното наследство 2018). иззложбата ќе ја отвори писателот Борче Панов
Дата: 21.02.2020 (петок)
Час: 11:00 часот
Место на одржување: Библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш