Нашиот Илија Атанасов од боречкиот клуб Бучим од Радовиш во категоријата У15 учествуваше на европското првенство кое беше одржано во Софија, Бугарија.
Илија имаше настап во категоријата 85 кг. и имаше тешка и исцрпувачка борба со Грузискиот претставник каде што нашата млада боречка надеж имаше пораз со резултат 7:11.
Неговиот ментор и тренер Горан Атанасов заедно со претседателот на клубот во интервјуто за нашата редакција се задоволни од прикажаната борба од Илија, кое му е оваа прво натпреварување од ваков карактер.
Илија од овој настап докажа дека пред него претстои убава и блескава кариера.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови