• Услови за користење

БОСИЛЕК – моќна билка

Претставува лист од растението Ocimum basilicum и се користи како зачинска билка, гарнир за повеќе различни јадења, но и за подготовка на чај.

Други имиња: босилок, фасидијан, маслиџан Англиски: basil.

Босилекот е едногодишна ароматична зелена билка која расте 30-40 сантиметри од разгрането стебленце. Листовите и’ се јајцевидни и на крајот зашилени. Малите, бели цветови се наоѓаат на горниот дел на стеблото. Целата билка има убав вкус и арома.

Неизоставен дел е од подготовката на речиси сите јадења, како во традиционалната македонска кујна така и во интернационалната кујна. Босилекот е една од најспецифичните зачински билки, која освен во јадењата, се користи и против многу заболувања бидејќи има широка палета на лековита моќ.

Првобитен дом на босилекот е Индија. Оддамна, уште пред 5500 години го познавале Египќаните, за што зборуваат и остатоците на билката пронајдени во гробниците на фараоните од тој период.

Босилекот е позната и ценета билка за лек и како зачин. За одгледување на растението потребно е тло богато со хумус, како и сонце и заштита од ветришта. Билката е особено чувствителна на ниски температури, а не поднесува ниту поливање со студена вода.

 








 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза