Обука за план за управување со шумите беше спроведена во канцеларијата на ЈПНШ (Јавно претпријатие Национални шуми).
Специфични методи за примена на предложените категории на шумски функции во Македонија и примери на категории на шумски функции во шумско-стопанските единици Радовиш и Ораовичка беа представени и објаснети од експерти на JICA.
Инженерите на ЈПНШ и експертите на JICA разменија свои идеи со цел изнаоѓање идеални решенија за категоризацијата во Македонија.