70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 69% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Непречено се одвива вакцинацијата на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од министерството. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Од таму апелираат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови