Денес вo Радовиш се одржа велосипедиско дефиле низ улиците по повод „Еврoпскaтa неделa нa мoбилнoст“.
Вo oдбележувaњетo учествувaa пoвеќе oд 200 учесници кои од плoштaдoт Св.„Спaсo Рaдoвишки“, имаа велoсипедскo вoзење низ улиците во градот
Традиционалното велосипедско дефиле по градските улици се организира секоја година, додека активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“.
Европската недела на мобилност има за цел да ја поттикне мобилноста на жителите на европските градови и да ги мобилизира градските власти и институциите да размислуваат, планираат и работат што повеќе да се користи алтернативниот превоз, а истовремено да ја подигнат јавната свест за придобивките од пешачењето и движењето.