ВО РАДОВИШ ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Велосипедскиот Клуб ”Бел камен бајкс” од Радовиш и Велосипедската Федерација на Македонија во недела 10 Јуни 2018, на патеката во Манстирскиот комплекс Св. Георѓи во Ораовица ќе ги организирааат натпреварот и трките од XC – Радовиш -МТБ. 

Трката се вози по правилата Велосипедската Федерација на Македонија, а се наградуваат првите три  натпреварувачи во секоја категорија.

Трката ќе се бодува за ранг-листа на ВФМ.

XC – Радовиш -МТБ 10-06-2018

ОРГАНИЗАТОР: ВК”Бел камен бајкс” од Радовиш и Велосипедска Федерација на Македонија
КАТЕГОРИИ : СЕНИОРИ, ЈУНИОРИ, КАДЕТИ, МАСТЕРС, ЖЕНИ и ХОБИ
ДАТУМ:СТАРТ: 10 Jуни 2018 – неделаЛиценцирани возачи во 12:00 часот

Хоби категорија во 11:00 часот

 ПАТЕКА : Манастир св.Ѓорги Ораовица, Радовиш. 

Должина на кругот е 3.3 км. 

Сениори 6 круга
Јуниори, Жени и Мастерс 5 круга
Кадети 4 круга
Хоби 2 круга
ПРИЈАВУВАЊЕ И БРОЕВИ:  На [email protected] или на 078-253-465Од 10 -11.30 ч на самата стартна целна рамнина.
ПРАВО НА УЧЕСТВО: Сите лиценцирани велосипедисти,категоријата Хоби е отворена за сите лубители на велосипедизмот, во Хоби категоријата која е апсолутна категорија може да се натпреваруваат сите кој имаат технички исправни велосипеди и заштитна кацига. 

 Секој вози на сопствена одговорност.

ТРОШОЦИ : Организаторот ги сноси трошоците за организација и награди, клубовите учествуваат на свој трошок.
ОПШТИ ПРОПИСИ: Натреварувачите мораат да имаат технички исправни велосипеди и да носат заштитна кацига. Трката се вози по правилата на UCI и Велосипедска Федерација на РМ.
НАГРАДИ : Се наградуваат првите три  натпреварувачи во секоја категорија.
БОДУВАЊЕ: Трката се бодува за ранг-листа на ВФМ. 
ТЕХНИЧКИ ПРОПИСИ: Секој натпреварувач е должен да носи заштитна кацига, велосипедска опрема  и да има исправен велосипед.
КАЗНИ И ЖАЛБИ : Спрема кодексот – Правилникот на ВФМ и правилникот на УЦИ.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ : Организаторот има право на измена  на пропозициите за што е долженеден час пред стартот да ги извести учесниците, со прифаќање на овие пропозиции  учесниците   возат  на сопствена одговорност.
НАПОМЕНА: Со прифаќање на пропозициите секој натпреварувач вози на сопствена одговорност. Организаторот не одговара за постапките на натпреварувачите према самите себе, према други лица, како за причинета материјална штета.

Погледнете повеќе

Повеќе информации