Во Центарот за култура “Ацо Караманов” Радовиш се организираше работилница со која на младите им се објасни процесот на создавање Видео игри, со цел да ги разберат и да научат креативно да ги користат дигиталните алатки за нивно создавање.
Учесниците во работилницата се запозна со принципот за изработка на Видео игри во програмата Scratch, што е посебно развиен визуелен јазик од универзитетот Massachusetts Institute of Technology за полесно совладувањена програмските вештини наменет за деца и млади.
За време на работилницата младите покажа големо внимание дури и деца кои не пријавеле претходен интерес за програмирање, учествуваа и покажаа голем интерес.
Работилницата се одржа под менторство на Петар Котевски од Македонската асоцијација за развивање игри- МАГДА во рамки на проектот „Видео игротека“ организиран од страна на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје. Проектот е поддржан од Министерство за култура во рамките на Нов културен бран 2019 година.