Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изврши увид во изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“ и „улица 9“ во општина Радовиш.
Инвестицијата е во вредност од 21 милион денари, средства обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт.