Во периодот од 22.00 часот на 16.11 до 04.00 часот на 17.11.2019 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, каде што е и ПС Радовиш е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Притоа, кај 25 возачи било утврдено присуство на алкохол, од кои осум во Струмица, девет во Гевгелија, седум во Радовиш и еден во Валандово.
Сите возачи биле соодветно санкционирани.