Во Воиславци денеска се поставија дополнителни контењери за собирање на отпад со цел подобрување на условите и заштита на животната средина. Екипи на ЈП „Плаваја“ денеска во Воиславци ги поставија новите контењери каде што жителите од оваа населено место ќе го складират отпадот.
Исто така во подрачното училиште при ООУ „Орце Николов“, при крај се активностите за поплочување со бехатон плочки на дворот од оваа подрачното училиште во Воиславци, компанијата „Техноинженеринг“ е вршител на работите.
Она што го ветивме пред граѓаните, одговорно и чесно го исполнуваме. Сите населени места заслужуваат подобрување на условите во образованието и заштитата на животната средина. Нема модерна општина без модерни населени места – информираше Градоначалникот Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови