Со посебни активности денеска во сите објекти на детската градинка ,,Ацо Караманов,, беше одбележан Светскиот ден на здрава храна.
Активностите вклучува учење на песнички поврзани со зеленчук и овошје, правеа свежи салати набрани од градината која секоја градинка ја има во својот двор, односно дечињата од секој објект и вработените директно се вклучени во процесот на засадување, одгледување и конзумирање на здрава храна од нивната градина, децата правеа и свежо цеден сок.
Истотака беа направени здрави и вкусни специјалитети од вработените во градинката како и од родители кои се вклучени во целиот овој проект и процес.
Децата во нашите градинки се хранат според сите стандарди за здрава храна имено според секојдневното мени задолжителни се свежото овошје и зеленчук во главното јадење и нивните ужини – известуваат од Детската градинка „Ацо Караманов“.