РК Радовиш утре гостува во Скопје на домашната екипа РК Пролет, натпреварот е закажан за во 18 часот, љубителите на спортот и ракометот ќе можат да го проследат во живо на каналот на Ракометната федерација на Македонија.
Во овој натпревар РК Радовиш ќе се обиде да извојува победа на гостински терен со новиот тренер Игор Котевски кој е новиот стратег на нашиот ракометен клуб пред почетокот на Плеј аут завшрницата во Супер ракометната лига на Македонија, каде што РК Радовиш е во обид да избори опстанок во најелитното натпреварување во Македонија.
Вечерва со почеток од 17 часот младите ракометари, пионерската екипа на РК Радовиш на домашен терен го игра натпреварот против Македонија Ѓорче Петров.
LIVE STREAM – Во живо од натпреварот