• Репортажа
  • Услови за користење
  • Импресум

ВО НЕДЕЛА ФИНАЛЕТО ОД НАТПРЕВАРОТ „#STAYHOME INTERNATIONAL PIANO COMPETITION“ РАДОВИШ И МАКЕДОНИЈА СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК

ЈАНА ЈОВАНОВА Е ФИНАЛИСТ НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНИТЕ OnLine НАТПРЕВАРИ ВО СВЕТОТ

Финалето ќе биде одржано „во живо“ на 11 октомври (недела) околу пладне по средноевропско време, преку OnLine streaming на YouTube каналот на натпреварот како и на нивната официјална Facebook страна.


Повторно не изненадува нашата млада пијанистка Јана Јованова од Радовиш, со нејзините извонредни интернационални успеси! Овој пат станува збор за еден од најголемите и најдобро организираните OnLine натпревари во светот.

Со започнувањето на светската пандемија со КОВИД-19 и воведувањето на различни форми на карантин во скоро сите држави во светот, голем дел од пијанистите и педагозите по пијано почнаа да изнаоѓаат начини како да се продолжи со музицирање и со настапи за да се задржи мотивацијата за работа кај младите пијанисти. Така се појавија повеќе OnLine натпревари кои на различни начини го организираа оценувањето на младите пијанисти.

Јана Јованова во претходните месеци учествуваше на повеќе вакви натпревари и секогаш беше помеѓу победниците. Сега таа е повторно помеѓу финалистите на OnLine натпревар и тоа на еден од најдобро организираните натпревари во светот.

#StayHome International Piano Competition најпрво беше организиран само за возрасни пијанисти а по огромниот успех и интерес за овој натпревар, организаторите одлучија да направат и издание за млади пијанисти под името #StayHome Young.

На овој натпревар за учество се пријавија 125 млади пијанисти од 30 различни земји од сите 5 континенти во светот. Нашата Јана Јованова е единствената натпреварувачка не само од нашата земја туку и од поширокиот балкански регион, која е избрана да биде помеѓу финалистите на овој натпревар.

Финалето ќе биде одржано „во живо“ на 11 октомври (недела) околу пладне по средноевропско време, преку OnLine streaming на YouTube каналот на натпреварот како и на нивната официјална Facebook страна. Жири комисијата во која се вклучени еминентни пијанисти и професори од различни краеви од светот во исто време ќе бидат вклучени за да во реално време ги слушаат и оценуваат младите пијанисти. Како публика односно гледачи на натпреварот можат да се вклучат сите луѓе од целиот свет и истовремено да го дадат својот глас за нивниот омилен млад пијанист.

„Многу се радувам што повторно сум помеѓу финалистите и се надевам дека и овој пат како и до сега, ќе успеам да се пласирам помеѓу најдобрите. Бидејќи информацијата дека сум влезена во финале ја добив денес на 05 октомври кога е светскиот ден на наставниците, би сакала јавно да ја изразам мојата неизмерна благодарност кон сите мои досегашни наставници. Најпрво на мојата доскорешна наставничка Андријана Јанков на мојата нова наставничка Наташа Калајџиева но и на професорките Марија Максимова, Бисера Иванова и Александра Трајкова од средното музичко училиште во Штип, а секако тука е и нашиот семеен пријател Симон Трпчески. Сите тие си имаат своја заслуга за моите досегашни успеси“ изјави Јана Јованова

Ние како редакција и посакуваме успешно претставување и висок пласман на овој светски натпревар. Се надеваме дека Јана повторно ќе биде помеѓу победниците!

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза