Традиционалниот Куп „Крап“ натпревар во спортски риболов во дисциплината „Пливка“ ќе се одржи на 18 Август 2019 год. на езерото Мантово.
Почетокот на натпреварот е закажан во 08.00 часот, а потоа свечената церемонија на прогласување на победниците.
Поканети се сите спортски риболовни екипи од Македонија и соседните држави да бидат дел од овој наш „Јубилејен 10-ти по ред Куп Крап 2019“ – известуваат од Риболовниот клуб Крап-Радовиш.