Во салата за состаноци во општина Радовиш се одржа првиот „Отворен ден“ за граѓаните кои можеа да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за наредната буџетска година.
Градоначалникот Ацо Ристов и службите во општина Радовиш во изминатиот период имаа средби со претставници од сите урбани и месни заедници кои ги доставуваа своите приоритети и потреби за своите населни места, но преку овие отворените денови граѓаните можат да предложат проекти и идеи, со можност и онлајн преку web страната budzet.mk.
Општина Радовиш и Градоначалникот Ристов ве повикуваат да се вклучите и да придонесете со Вашите идеи.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови