• Македонија
  • Услови за користење

„ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ, САМОВРАБОТУВАЊЕ И МАЛИ БИЗНИСИ“- Работилница во Радовиш

Во петок, 06 декември 2019 година со почеток од 18:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, ќе се оддржи Работилница на тема „Правилно користење на мерките во земјоделие, самовработување и мали бизниси“.

Ова Работилница ја организира Канцеларијата за контакт со граѓани од Радовиш – Собрание на Македонија, а истата е поддржана во целост од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На ова Работилница свое обраќање ќе имаат пратеничката во Собранието, Милевка Ѓорѓиева, раководителот на Центарот за вработување во Радовиш, Офелија Илиева и Раководителот на Подрачна единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Радовиш, Стојан Ангелов.

Целта на ова Работилница ќе биде правилно насочување на користење на мерките кои им се нудат на земјоделците, младите земјоделци, мерки за самовработување и мали бизниси. На настанот присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања до говорниците на Работилницата.

 

 

 




 


 




 



Related Articles

Временска прогноза