Црвен крст на Македонија оваа година го одбележува својот 80 годишен роденден, Јубилеј од формирањето на Црвен крст во нашата Македонија.

По тој повод денес беше одржан настан во просториите на Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш.

Во знак на благодарност за успешната соработка Црвен крст на Македонија им додели признанија на Општина Радовиш и Општина Конче.

Градоначалникот на Општина Конче искажа благодарност за доделеното признание истакнувајки дека секогаш ќе ги поддржува активностите на Црвен крст на Македонија.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов им го честиташе Јубилејот, посакувајки им на сите вработени, волонтери и активисти на Црвен крст добро здравје, успешна работа и успешни проекти.

Градоначалникот Ацо Ристов им се заблагодари за доделеното признание кое рече дека ќе биде дополнителен поттик во градење на партнерството и спроведување на заедничките проекти за подобрување на животот на граѓаните.

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации