На 03.04.2025 во Радовиш од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Полициската станица Радовиш биле приведени З.М.(32), К.Ј.(41) и М.А.(25), сите од Радовиш. Лицата околу 04.00 часот во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале З.М. и К.Ј. од една страна и М.А. од друга страна.
Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.04.2025 во 17.45 часот во Полициската станица Радовиш Ј.С.(39) од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека околу 17.00 часот во село Калаузлија малолетниот син на пријавителот бил физички нападнат од друго малолетно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица
*фото Архива