Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, на некои места во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6°C, а максималната од 8 до 15°C.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен локален снег. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините. Од петок утринските температури на повеќе места ќе бидат под нула.
Прогноза за 25.11.2022

Минимална температура: -4°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 14°C
Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 26.11.2022

Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Прогноза за 27.11.2022

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови