УХМР известува дека денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=8
До сабота во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во
недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови. Температурите ќе бидат во позначнителен пораст.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење