• Услови за користење
  • Импресум

ВТОРА ФАЗА ОД КАМПАЊАТА „ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ“

На ден 17.02.2020 година, во организација на Црвен крст -Општинска организација Радовиш, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ се одржа второто информативно предавање по прва помош во ООУ„Коста Сусинов“ Радовиш, каде беа опфатени ученици од 16 -18 години.

Со овие курсеви за прва помош ќе бидат опфатени околу 100 ученици кои ќе имаат можност да ја проследат информативната презентација, да ги стекнат основните знаења за првата помош и истовремено да разменат искуства со предавачите.

Овој вид на обука има голем успех и навистина има огромен интерес од страна на учениците.
Црвен крст продолжува да гради цврсти механизми за кревање на свеста и промовирање на општествената одговорност.

 


 

 

Related Articles

Временска прогноза