• Услови за користење
  • Импресум

ВТОРНИК „8 СЕПТЕМВРИ“ ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА -НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

8 Септември – Ден на независноста на Македонија, е во вторник, а државниот празник е неработен ден за сите граѓани. Покрај него, до крајот на годината остануваат уште три неработни денови за сите граѓани на нашата земја.

Од нив два се споени викенда, а еден исто така паѓа во вторник.

За сите граѓани на РМ
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

Related Articles

Временска прогноза