• Радовиш
  • Услови за користење

ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМИ ШТЕТИ

Вчерашното невреме кое го зафати Радовиш и населените места после 18.30 часот,  повторно предизвика големи материјални штети врз патната инфраструктур, земјоделските посеви и домовите на нашите сограѓани.

Двочасовното невреме најмногу беше изразено во градот и населените места Раклиш, Ораовица и Подареш. Од наносите и пороите кои се акумулираат од течението на атмосферските води беа поплавени пристапните патишта и локалните улици низ овие населени места.

Денес  екипите на јавното претпријатие и стручните служби на локалната самоуправа вршат проценка на настанатите штети и санација на дел од пробелмите предизвикани од пројните дождови и силниот ветар.

Од општина Радовиш бараат за разбирање од граѓаните за обемот на работа, истакнуваат дека ангажирана е комплетната механизација за расчистување на наносите од земја и отстранување на паднатите дрвја и гранки.

 

 






 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза