Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ ја поддржа националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на мрежата „Сите сити“, а чиј идеен идеен творец е Асоцијацијата „Ајде Македонија“. „Нахрани 10.000“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани.
Првиот хуманитарен чин ќе се случи на 6 септември, кој ќе започне во 10 часот и ќе трае се до 19 часот со амбиција овој настан да прерасне во континуирана едномесечна акција во 10 градови од земјава Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Виница.
Акцијата ќе се случуваат на плоштадот во Радовиш, на 6 септември, во 10 часот и ќе трае се до 19 часот .