(Фото) ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ КУЌАТА НА ФАМИЛИЈА АНЧЕВИ

Во текот на вчерашниот ден голем пожар ја зафати семејната куќа на фамилија Анчеви на улица Ана Поцкова во Радовиш.

Денес истражни екипи беа на увид и ја утврдуваа причината за настанатиот пожар, а исто така Градоначалникот Конзулов ја посети оваа фамилија која ги снајде оваа несреќа.

Семејството Анчеви замолува и бара помош од сите хумани граѓани за да се врати во нормала и да се санира опожарената куќа.

Сите кои имат желба да помогнат и донираат можат тоа да го сторат на трансакциска сметка 200002979201635 – Стопанска Банка на име на Јанчо Анчев.

Советот на општина Радовиш на денешната седница исто така усвои и додели еднократна помош за оваа семејство.





 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации