Почитувани сограѓани
Со особена чест Ви го најавуваме гостувањето на најголемиот амбасадор на македонската култура во светот, Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.
На 19-ти Јуни, Вторник со почеток во 20:00 часот, бидете на Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ и исполнете ги вашите срца со богатиот македонски фолклор, традиција и култура.
Бидете дел од „Невестинското“, „Комитското“, „Тешкото“, „Осоговка“ и многу други бисери од македонското народно творештво, во изведба на Ансамблот „ТАНЕЦ“.
Летната културна сцена продолжува.
Ве очекуваме.