Градоначалникот Љупче Почивалец, со приемен ден за подобра комуникација со граѓаните!

Со цел да се овозможи подобра и поефикасна комуникација со граѓаните, градоначалникот на Општина Радовиш ги известува граѓаните дека секоја среда ќе се одржува приемен ден за граѓаните.

Приемот се врши исклучиво со претходно закажан термин, кој граѓаните можат да го закажат кај техничкиот секретар на градоначалникот на следниот телефонски број:032 617 700, а приемот ќе се реализира по 12:00 часот.

Со почит,
Градоначалник на Општина Радовиш

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации