Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш на одржаниот состанок денес на која се расправаше за досега превземените мерки и активности за спречување на заразата и ширењето на Kорона вирусот, донесе неколку заклучоци.
Почитувани жители на општина Радовиш,
Со ова сакаме да Ве известиме дека ЈП„Плаваја“ Радовиш која стопанисува со „Градскиот пазар“ во текот на утрешниот ден Петок 27 Март 2020 година ќе започне со затворање на вратите на пазарот и пазарот ќе биде целосно затворен за пристап на лица во него.
Воедно ги известуваме сите корисници кои имаат тезги и пиљари на „Градски пазар“ да ги дислоцираат своите производи бидејќи нема да има влез на луѓе на пазарот.