• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

ДАЛИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ КОН СРБИЈА И КОСОВО?

Режимот на движење на северната граница на Македонија денеска ќе ја разгледа Комисија за заразни болести.

Во опција е ново затворање на границите или пак воведување на посебен режим на преминување на границата кон Србија и Косово. До ова доаѓа по зголемувањето на бројот на новозаболените од корона вирусот во овие две земји заради што македонските власти процениле дека треба да се преиспита режимот на влегување во наша земја.

Сегашните правила, државјани на овие две земји може да ја преминуваат нашата граница без тестови и без задолжителен карантин од 14 дена.

Србија изминатото деноноќие има регистрирани 359 нови случаи. Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

Власти таму вчера попладне решија да воведат вонредна состојба на подрачјето на Белград. Воведени се три нови мерки – забрана за работа на ноќните клубови и сплавови по 11 часот, казна за неносење маски и забрана за собирање на повеќе од 100 лица во затворено (со растојание помеѓу луѓе од 1,5 метри). Ќе се казнува и неносење на заштитни маски во трговски центри и јавен градски и меѓуградски превоз. Градоначалник на Белград синоќа изјави дека меѓу новозаболените доминираат полесни форми на болеста.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза