ДАЛИ ЌЕ ИМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС? СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СЕДНИЦА ЗА КОВИД-19

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски за денеска на пладне, закажа седница на националниот Совет за безбедност, на која, како што е соопштено, покрај редовните членови на Советот, е поканет и министерот за здравство, Венко Филипче.

„На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на  Македонија и мерките и активностите на надлежните институции”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Пред два дена премиерот Зоран Заев најави дека е можно да се разговара за воведување на полициски час кој би започнувал во 17 или во 18 часот, како мерка за намалување на ширењето на коронавирусот.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации