• Услови за користење
  • Импресум

ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И 17 ПОВРЕДЕНИ МИГРАНТИ ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ БУЧИМ

Две лица загинаа, а 17 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип, во близина на рудникот Бучим.

До сообраќајната несреќа дошло кога товарно возило од марката „ивеко“ удрило во ограда од мост. Во возилото се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка, а возачот избегал од местото на несреќата, соопшти СВР Струмица.

Единаесет од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, а шест во Општата болница во Радовиш.

Според полицијата, има индиции дека бројката на мигранти во товарното возило била поголема, но оти тие избегале по несреќата.

АМСМ претходно информираше дека сообраќајот е нормализиран за патничките возила, а сѐ уште е во прекин за камионите и автобусите

Извор: Telma 

Related Articles

Временска прогноза