Селекторот на младинската ракометна машка селекција, Радослав Стојановиќ и неговиот стручен штаб го објавија поширокиот список на репрезентативци на кои ќе смета за претстојното Светско младинско У21 првенство во Полска.
На овој список се и двајца млади ракометари од РК Радовиш, и тоа: Петар Стојановски и Петар Цветковски. Им посакуваме успешен настап на нашите млади ракометари.
Младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство.