ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РАДОВИШ ЈА ПОСЕТИ ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА SELÇUK, ВО ТУРЦИЈА

Првата збратимена општина од Република Турција каде што пријателските односи се почитуваат уште во поранешна СФРЈ, а каде што живеат голем број на наши сограѓани кои потекнуваат од општините Радовиш и Конче беше посетена од страна на делегација на општина Радовиш.

Делегацијата беше предводена од страна на Градоначалникот Конзулов, а повод за гостувањето беше упатената покана по повод организацијата на јубилејниот, 50-ти по ред ЕФЕСТ фестивал на културата и уметноста.

Нашата делегација имаше официјален прием кај Градоначалничката на Селчук, Г-ѓа Филиз Черитоглу Шенгел каде обострано беше изразено задоволството од обновената соработка помеѓу двете општини со надеж дека во иднина ќе продолжи соработката на повеќе полиња од општественото живеење.

Остварена беше исто така и посета  на Здружението на иселеници од Радовиш и Конче а Градоначалникот оствари средба и со наши иселеници кои живеат на улицата „Радовиш“ во општина Селчук.

Градоначалникот Конзулов оствари посета и на пријателската Општина Алиага, каде беше остварен прием кај Градоначалникот Серкан Ачар.


 


 



 







 






 

 



 




Погледнете повеќе

Повеќе информации