ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ, АЦО РИСТОВ БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛИКА ПЛАНА

На покана на Градоначалникот на Велика Плана, Г-дин Игор Маткович, делегација предводена од Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов беше во посета на општина Велика Плана во Република Србија.

Повод за оваа посета беше одбележувањето на деновите на општина Велика Плана, исполнети со голем број културни и спортски настани.

Градоначалникот Ристов на 29 април присуствуваше на Меѓународен филмски фестивал во Центарот за култура „Масука“, каде упати срдечни честитки до сите граѓани на Велика Плана посакувајќи многу заеднички настани во иднина.

На заедничка средба со Градоначалникот Маткович беа разменети сите позитивни искуства од досегашната соработка на двете општини со надеж дека истата ќе биде проширена на повеќе полиња и ќе се реализираат заеднички проекти.

Соработката со Велика Плана трае повеќе од половина век и тоа на повеќе нивоа и сфери, тргнувајки од општествената, економската, траспортот, па се до културната, спортската и сферата на образованието.

 

 

Општина Радовиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации