Денеска во Конче промоција на програмата на кандидатот за градоначалник Благој Илиев од СДСМ

Почитувани сограѓани,

Со искрена чест и длабоко задоволство Ве покануваме да присуствувате на свечената промоција на програмата на кандидатот за градоначалник Благој Илиев и Листата на советници од СДСМ за Советот на општина Конче.

 

Ова не е само претставување на идеи — ова е Повик за заедничка иднина. Заедно ќе ги слушнеме визиите за развој, достоинство и напредок. Ќе зборуваме за вода чиста како совеста, за патишта што водат кон можности, и за секој жител — вреден, почитуван и слушнат.

Присуството на секој од Вас е важно. Да изградиме иднина со срце, разум и заедничка сила.

 

Среда, 01 Октомври, 17,30 часот. Плоштад Конче

 

 ОО на СДСМ – Конче

Погледнете повеќе

Повеќе информации