И оваа година општина Радовиш го доби ексклузивното право да биде домаќин на на завршниот турнир од одбојкарскиот куп на Македонија, на кој учествуваат најдобрите осум екипи во сезоната 2024/25.

Во деновите од 3 до 5 Април, во организација на одбојкарската федерација на Македонија, а со поддршка на општина Радовиш и ЈПССО „Радовиш 2014“ во Спортската сала СРЦ „25 Мај“ со почеток во 16:00 часот ќе се одииграат најпрво полуфиналните дуели во машка и женска категорија, а во Сабота следуваат финалните натпревари, најпрво во категорија-жени а од 19:00 час. големото финале во категорија- мажи.

Директен пренос на натправрите ќе врши Македонската радио телевизија.

Да бидеме дел од овој несекојдневен настан, да дадеме максимална поддршка и да уживаме заедно наредните денови во уметноста на одбојката.

Погледнете повеќе

Повеќе информации