Денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година.
-Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор – Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега.
Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза, соопшти НУБ за настанот кој и оваа година го организира со поддршка од Шпанската амбасада во Скопје.