Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

