Минатата недела, по неколку часа разговори заврши последната лидерска средба без договор за датум за избори.
Договорено беше да се чека извештај прво од Комисијата за заразни болести, од Државната изборна комисија и ќе се чекаат набљудувачите од ОБСЕ и ОДИХР.
Во меѓувреме и меѓународните набљудувачи на ОБСЕ порачаа дека се подготвени да ги следат парламентарните избори во Македонија. Следењето на изборите од страна на меѓународните набљудувачи е еден од условите за да се договори датум за изборите.
Изборите требаше да се одржат на 12-ти април, но беа одложени поради пандемијата со коронавирусот. СДСМ бара избори на 14-ти јуни, а од ВМРО-ДПМНЕ не лицитираат со датуми и го ставаат здравјето на граѓаните во прв план.