• Услови за користење
  • Импресум

ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПОШТАТА

На денешен ден 1874 година во Швајцарија е воспоставена светска поштенска унија, па 09 октомври е ден кој што го слават сите пошти во целиот свет.

Меѓународниот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.

Во 1969 година на Светскиот конгрес на поштите во Токио, 9 Октомври е прогласен за Светски ден на поштите и од тогаш овој ден се празнува секоја година. 

Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

Македонска пошта го прославува од далечната 1993 година кога на 12 јули Македонија беше примена за членка на Светскиот поштенски сојуз, со што станаве дел од глобалното поштенско семејство.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза