Житие: Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици.
Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото.
Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник.
Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик.
Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.
Тропар
Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави н? од искушенија.
Кондак
Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние што те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме.
Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.
Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското Езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум.
Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.
Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври, а на 20 јуни му e лeтeн празник. На oвoј лeтeн празник има гoлeм нарoдeн сoбoр вo манастирoт на св. Наум. Мнoгу бoлни дoаѓаат или сe дoнeсувани за тука над мoштитe на свeтитeлoт прeку вeра и мoлитва да дoбијат исцeлeниe.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови