Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Викендот се очекува да биде променливо облачно и значително постудено со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови