Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Денес утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 29 до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9
Во Радовиш, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Во наредниот период ќе се задржи топло време. Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.