• Услови за користење
  • Импресум

ДЕНЕШЕН ДЕН 01 АВГУСТ …

10 п.н.е.- Роден е римскиот цар и историчар Клавдиј Први Тибериј Друз кој во текот на владеењето од 41 година го среди хаосот во државата, а потоа во 43 година ги освои Британските острови. Умре во 54 година од отровни печурки кои му ги подметна неговата четврта сопруга Јулија Агрипина со цел на престолот да го доведе синот од нејзиниот претходен брак Клавдиј Цезар Август Германика Нерон.

1502.- Италијанскиот морепловец Христофер Колумбо пристигна на брегот на американското копно, дел кој подоцна го доби името Хондурас.

1744.- Роден е Жан Батист Ламарк, француски природонаучник и филозоф, основач на учењето за развитокот на живите суштества. Според него живите суштества ја менуваат структурата и некои органи зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Умре на 18 декември 1829 година.

1798.- Во заливот Абукир, во Средоземното Море, англискиот адмирал Хорацио Нелсон извојува најславна победа во историјата на поморското војување, победувајќи ја француската војска на Наполеон Бонапарта.

1819.- Во Њујорк е роден Херман Мелвил, северноамерикански романсиер, автор на познатиот роман „Моби Дик“. Умре во Њујорк, на 28 септември 1891 година.

1834.– Ропството е забрането во целата Британска империја врз основа на што во британските колонии се ослободени повеќе од 770.000 робови, најмногу во таканаречена Западна Индија (Кариби).

1874.- Велика Британија го укина ропството во сите британски колонии.

1884.- Во Скопје е роден Лазар Танев, прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 јануари 1956 година.

1894.- Јапонија и објави војна на Кина поради спорот меѓу двете земји околу Кореја.

1904.- Јапонија и објави војна на Русија која заврши со пораз на флотата на Русија кај Порт Артур.

1910.- Во Софија умре Владимир Ковачев, македонски револуционер и поет (брат на Владислав Ковачев, револуционер и публицист). Неговата поезија е проткаена со нагласен револуционерен патриотизам и со неизмерна љубов кон својата земја и народ. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.

1919.- Под притисок на интервенционистичките сили на соседните буржоарски држави, задушена е унгарската советска република на Бела Кун. На чело на државата дојде Јосиф Хабзбуршки, а во земјата е воведен „бел терор“.

1958.- Кралот Хусеин ја распушти федерацијата на Јордан со Ирак.

1960.- Дахомеј (од 1975 Република Бенин), француска колонија од 1892 година, доби независност. – Национален празник на Република Бенин.

1966.- После воениот удар во Нигерија власта ја презеде генерал Јакубу Говон.

1968.- Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место има во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествуваше во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот “Нова Македонија”, како и на други весници и списанија. Роден е во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.

1975.– Советскиот Сојуз и западните земји на конференцијата во Хелсинки за европската безбедност и соработка потпишаа завршен акт за човековите права.

1978.- Во Скопје умре Спасе Куновски, македонски сликар, професор на Педагошката академија во Скопје и член на групата „Мугри“. Учесник е на групните изложби на македонската и југословенската уметност во Франција, Бразил, Турција, Италија, Полска, Норвешка, Куба и на други места. Роден е во Дебар, на 25 септември 1929 година.

1986.- Македонската иселеничка колонија во Австралија организира голем протестен митинг пред Грчката амбасада во Канбера.

1989.- Во селото Ранковци, Кумановско, е предаден во употреба новоизградениот магистрален пат Куманово – Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), односно делницата Куманово – Ранковци во должина од 39 километри.

1994.- Претседателот на Германија, Роман Херцог и изрази жалење на Полска поради страдањата кои неговата земја и ги нанела во Втората светска војна.

1997.– Умре рускиот пијанист Свјатослав Теофилович Рихтер, еден од најзначајните пијанисти на 20 век. Автентично ги толкуваше композициите на различните епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника, што ја одушевуваше концертната публика ширум светот.

2000.- Исламските терористи во Кашмир во седум напади масакрираа најмалку 100 луѓе.

2004.– Во пожар во еден супермаркет во предградието Асунсона, Парагвај, животот го изгубија 409 луѓе, додека 454 беа повредени.

2005. – Умре саудискиот крал Фахд, а за нов крал беше прогласен неговиот помлад полубрат принцот Абдулах.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза